ПРВ.мк
Црна Хроника

ПОЖАР ПО ПАДОТ НА ВОЕН АВИОН: Итните служби на терен со часови

ПОЖАР ПО ПАДОТ НА ВОЕН АВИОН: Итните служби на терен со часови

Американски борбен авион F/A-18 Hornet се урнал во планинска област во државата Вашингтон, предизвикувајќи пожар и голема интервенција на спасувачките служби.

Несреќата се случила во близина на езерото Римрок, во округот Јакима, кога авионот паднал во текот на саботното попладне. Пилотот успеал навреме да се катапултира и да го избегне најлошото, при што се здобил само со полесни повреди. По несреќата бил пренесен во болница на дополнителни прегледи и лекување.

Падот на авионот предизвикал пожар во околината, поради што локалните власти наредиле евакуација на камперите кои престојувале во близина на местото на несреќата.

Инцидентот го потврди и Американскиот морнарички корпус, кој соопшти дека авионот се урнал на околу 55 милји југоисточно од Сиетл.

На терен интервенирале повеќе противпожарни екипи, како и хеликоптери за гаснење на огнот. Надлежните служби работат на локализирање на пожарот и утврдување на причините за падот на авионот.

Засега не се соопштени дополнителни детали за околностите под кои дошло до несреќата, а истрагата е во тек.