ПРВ.мк
Црна Хроника

Брутална тепачка во познат маркет во Македонија – употребен и стаклен предмет

Брутална тепачка во познат маркет во Македонија – употребен и стаклен предмет

Секторот за внатрешни работи Куманово поднесе кривични пријави против четири лица од Куманово, поради сомнение дека сториле кривично дело „насилство“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, пријавените, на возраст од 27 до 29 години, на 10 април годинава физички нападнале сограѓанин во маркет во Куманово.

Во текот на инцидентот, како што наведува полицијата, еден од осомничените употребил и стаклен предмет, со кој дополнително го нападнал оштетениот.

По преземените истражни дејствија, СВР Куманово поднесе кривични пријави против четворицата осомничени, а за случајот ќе одлучува надлежното обвинителство во понатамошната постапка.