На 06.12.2025 година, во 01:30 часот, во обложувалница на улицата „Боро Хаџиески – Путе“ во Струга, едно лице физички нападнало 44-годишен жител на Струга.
Полицијата презема мерки за целосно расветлување и документирање на настанот, по што против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

















