Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека, и покрај обилните врнежи, нема излевање на реките во критичните региони на државата.
„Согласно добиените информации од регионалните центри, состојбата низ државата е стабилна и без значајни последици од обилните врнежи на дожд“, истакнуваат од ЦУК.
Според прогнозата на УХМР, времето ќе се стабилизира, облачноста ќе се намали, а од понеделник се очекува затоплување со натпросечни температури за овој период од годината.

















