ПРВ.мк
Црна Хроника

Трагедија кај Крит: Чамец исчезна во длабочините, бројот на жртви се зголемува - ова се деталите!

Трагедија кај Крит: Чамец исчезна во длабочините, бројот на жртви се зголемува - ова се деталите!
Kristal

Во морските води југозападно од грчкиот остров Крит, се случила тешка трагедија кога чамец преполн со мигранти потонал, при што животите ги загубиле 18 лица, а само две успеале да бидат спасени. Несреќата, која го потресе регионот, се случила на околу 26 наутички милји југозападно од островот Хриси.

Товарен брод што пловел под турско знаме прв го забележал половично потонатиот чамец и веднаш ја алармирал грчката крајбрежна служба. Брзо била активирана широка спасувачка операција во обид да се пронајдат преживеани во студените води.

Во акцијата учествуваат два патролни брода на грчката крајбрежна служба, брод на Фронтекс, три блиски пловни објекти, хеликоптер „Супер Пума“ и авион на Европската агенција. Досега се извлечени 18 тела, а две лица се пронајдени живи и згрижени.

Несреќата уште еднаш ја отвора болната тема за ризиците со кои се соочуваат мигрантите во обид да стигнат до Европа преку опасните морски патишта, како и предизвиците со кои се справуваат грчките надлежни служби при вакви тешки операции.

FixCredit
Atensa 300
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape