ПРВ.мк
Црна Хроника

ИНЦИДЕНТ ВО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ: Контролор завршил како жртва на напад

ИНЦИДЕНТ ВО ЈАВНИОТ ПРЕВОЗ: Контролор завршил како жртва на напад

Контролор на ЈСП бил физички нападнат додека ги извршувал своите работни задачи во автобус на подрачјето на Бит Пазар, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата, инцидентот бил пријавен на 10 јуни во 10:30 часот во СВР Скопје. Контролорот, 49-годишен скопјанец, навел дека бил физички нападнат од 50-годишна жена, откако при контрола утврдил дека таа немала платено билет за јавен превоз.

Од МВР информираат дека по целосното расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против лицето.

Се преземаат дополнителни мерки за утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.

Најнови вести