ПРВ.мк
Црна Хроника

Безбедносен пропуст: Оружје исчезна од просторија на „Паркови и зеленило“ - кој го направил пропустот?

Безбедносен пропуст: Оружје исчезна од просторија на „Паркови и зеленило“ - кој го направил пропустот?
Kristal

Во СВР Скопје е пријавена сериозна кражба во објект на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според пријавата, кражбата се случила во периодот од 2 до 5 јануари 2026 година, а беше откриена на 5 јануари околу 9 часот. Во барака на подрачјето на општина Карпош, непознати сторители со употреба на физичка сила и алат, провалиле и од сеф однеле неколку парчиња огнено оружје. Оружјето било користено од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.

Од МВР информираат дека се преземаат сите потребни мерки и активности за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на сторителите.

FixCredit
Escape