Македонскиот државјанин Мартин Сипковски, млад модел од 21 година, го загуби животот во експлозијата што се случи минатата недела во стан на улицата Косовска во центарот на Белград, објавија српските медиуми.
Според истрагата, Сипковски го активирал експлозивот „пентрит“ на 1 октомври околу 21:45 часот, при што загинал на лице место. Експлозивот наводно бил набавен и пренесуван нелегално од Филип В. (26), кој го предал Сипковски на аголот од улиците Косовска и Нушиќева.
Изворите наведуваат дека младиот модел немал криминално досие и бил ценет на турската модна сцена, со големи успеси на пистата. Сепак, експлозивната направа, која се претпоставува дека била наменета за убиство на лице со криминално минато и поврзаност со навивачки групи, несреќно била активирана од Сипковски.
Вишото јавно обвинителство во Белград продолжува со истрагата за околностите на трагедијата и за потеклото на експлозивот.
