Во Куманово, во населбата „Средорек“, пронајдена е почината жена, соопшти полицијата. Вчера во 17:43 часот, лекар од Итна медицинска помош Куманово пријавил дека во дворно место на улицата „Средорек“ била пронајдена Г.Д. (50) од Куманово.
Увид извршила екипа од СВР Куманово, а телото е предадено на Институтот за судска медицина во Скопје за вршење обдукција.


















