Триесет и тригодишен државјанин на Турција пријавил измама во ОВР Гостивар, откако, како што навел, останал без 2.700 евра за услуга која никогаш не била реализирана.
Според информациите од СВР Тетово, случајот бил пријавен на 21 март 2026 година во 11:07 часот. Оштетениот пријавил дека во текот на 2026 година склучил договор со лицето А.И., кое требало да посредува за добивање возачка дозвола за неговата сопруга.
Во рамките на договорот, тој исплатил 2.000 евра однапред, додека преостанатите 700 евра требало да ги плати по добивањето на дозволата. Сепак, услугата не била реализирана, а лицето А.И. одбивало да ги врати веќе исплатените средства.
Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Извор: Скопје1.мк


















