ПРВ.мк
Црна Хроника

Македонската академска заедница остана без една од своите најголеми личности

Македонската академска заедница остана без една од своите најголеми личности

Во Скопје, по кратко боледување, почина академикот и универзитетски професор Драги Данев, една од најзначајните личности во македонското високо образование и наука.

Данев беше првиот ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во периодот по осамостојувањето на Македонија, од 1990 до 1992 година. Во текот на својата долгогодишна кариера остави длабока трага во академската заедница како професор на Машинскиот факултет во Скопје и автор на бројни научни трудови и учебници.

Роден во Штип во 1942 година, докторирал на Машинскиот факултет во Белград. Професионалниот пат го започнал во индустријата, а подоцна целосно се посветил на научната и образовната дејност.

Зад себе остави повеќе од 150 научни трудови и значаен придонес во развојот на машинството и високото образование во земјава.

Освен академската кариера, Данев извршувал и повеќе високи општествени функции, меѓу кои и функцијата министер за сообраќај и врски во поранешна Југославија, како и член на Сојузниот извршен совет.

Комеморацијата во чест на академикот Драги Данев ќе се одржи на 11 јуни на Машинскиот факултет во Скопје.