Четириесет и седумгодишен жител на Велес бил лишен од слобода откако полициски службеници кај него пронашле марихуана.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, акцијата била спроведена синоќа околу 23:40 часот на подрачјето на Велешко езеро од страна на полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции.
При извршената контрола, кај Б.М. (47) од Велес била пронајдена и одземена марихуана, по што тој бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка.
За случајот бил известен надлежен јавен обвинител, а од МВР информираат дека по целосно документирање на настанот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Надлежните продолжуваат со активностите за целосно расчистување на случајот.







