Во вечерните часови во Волково, во близина на местото викано „Шкорпион“ во Ѓорче Петров, автомобил излетал од коловозот, се искачил на тротоар и удрил во ограда на приватен имот. Според сведоци, за среќа во моментот на несреќата на тротоарот немало пешаци ниту други возила, со што е избегната потенцијална катастрофа.
Очевидецот кој ги документирал штетите преку фотографии и пораки за „Скопје1“ изјави: „Излета на тротоар и удри кај комшијата во ограда. Лом им направи. Среќа што немаше возила и луѓе на тротоар. Овде е страшно да се живее веќе. Хаос.“
Полицијата беше повикана на местото на настанот и изврши увид, а возачот ќе биде тестиран за присуство на алкохол.
Жителите реагираат дека ваквите инциденти се зачестени и апелираат до институциите за зголемени контроли, особено во вечерните и ноќните часови, како и за подобрување на сообраќајната сигнализација и поставување на физички мерки за заштита на пешаците.
















