Полициски службеници од ОВР Гевгелија лишиле од слобода 21-годишен возач од селото Батинци, откако бил фатен како управува патничко возило со брзина од 244 километри на час на автопатот Скопје–Гевгелија.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 13 јуни околу 20 часот, кај селото Милетково, при контрола со радар било констатирано дека И.Р. (21) управувал возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки со значително поголема брзина од дозволената.
На делницата каде што е измерена брзината, максимално дозволената изнесува 120 километри на час, односно возачот се движел со повеќе од двојно поголема брзина од пропишаното.
За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки возилото е одземено.
По целосно документирање на настанот, против возачот ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“ согласно Кривичниот законик.






