ПРВ.мк
Црна Хроника

МАСОВЕН СУДИР: Три автомобили се судрија на патот Охрид–Кичево - ова се деталите!

МАСОВЕН СУДИР: Три автомобили се судрија на патот Охрид–Кичево - ова се деталите!
Kristal

Тешка сообраќајна несреќа се случила вчера претпладне на автопатот во изградба Охрид–Кичево, кај влезот за селото Требеништа, општина Дебарца, во која учествувале три патнички возила, а две лица се здобиле со повреди. Полицијата утврдила дека еден од возачите управувал возило под дејство на алкохол, со измерени 1,25 промили алкохол во крвта.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена во СВР Охрид во 10:25 часот. Во судирот учествувале патничко возило „рено меган“ со охридски регистарски ознаки, управувано од В.П.(47) од Охрид, патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од З.С.(59) од Скопје и патничко возило „рено канго“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Ѓ.(67) од село Требеништа.

Во несреќата, тешки телесни повреди претрпел Д.С.(59) од Скопје, сопатник во возилото „хјундаи“, додека возачот З.С. се здобил со телесни повреди. Повредените биле пренесени и згрижени во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде што им биле констатирани повредите.

На местото на настанот увид извршила увидна екипа од СВР Охрид. По преземените мерки, во 12:55 часот полицијата го лишила од слобода возачот В.П., откако било утврдено дека управувал возило под дејство на алкохол, со 1,25 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава по член 300 од Кривичниот законик, соопштуваат од МВР.

FixCredit
Escape