Дваесет и тригодишна државјанка на Обединетото Кралство се здобила со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на магистралниот пат Кичево–Охрид.
Според информациите од МВР, несреќата се случила на 10 јуни околу 17:50 часот, кога патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 23-годишен британски државјанин, удрило во метална заштитна ограда и излетало од коловозот.
Во несреќата тешко била повредена неговата сопатничка, исто така 23-годишна државјанка на Обединетото Кралство.
Повредената била пренесена во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид, а причините за несреќата се утврдуваат.








