ПРВ.мк
Црна Хроника

ДРАМА ВО СКОПЈЕ: Син му го земал пиштолот на татко-полицаец и се заканувал - Ова се деталите

ДРАМА ВО СКОПЈЕ: Син му го земал пиштолот на татко-полицаец и се заканувал - Ова се деталите

Сериозен инцидент е регистриран во Скопје, откако 24-годишен маж бил лишен од слобода по пријава дека му го одзел службениот пиштол на својот татко, кој е полициски службеник, и со него упатувал закани.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, настанот се случил на 13 јуни 2026 година околу 01:00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар, по претходна кратка расправија меѓу двајцата.

Во пријавата се наведува дека по расправијата синот го зел службеното оружје на својот 49-годишен татко и започнал да упатува закани. Инцидентот бил спречен со брза реакција на роднина кој се затекнал на местото на настанот.

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје веднаш интервенирале и го привеле лицето. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.