ПРВ.мк
Црна Хроника

НЕСРЕЌА ВО ЦЕНТАРОТ: Автомобил од Косово удри во три возила - ова се деталите!

НЕСРЕЌА ВО ЦЕНТАРОТ: Автомобил од Косово удри во три возила - ова се деталите!
Kristal

На 26.12.2025 година околу 12:30 часот во Скопје, патничко возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот С.Р., државјанин на Косово со привремен престој во село Арачиново, предизвика сериозна сообраќајна несреќа на улицата „Григор Прличев“.

Возилото удрило во три паркирани возила – „цитроен“, „шевролет“ и „пежо“, како и во три контејнери. Потоа се судрило и со патничко возило „сузуки“ во движење, управувано од 24-годишниот А.Ј. од Скопје. Продолжувајќи го движењето, на крстосницата на булеварите „Крсте Петков Мисирков“ и „Гоце Делчев“, С.Р. удрил во семафор и во уште едно возило „ауди“, кое го управувал 29-годишниот С.Г. од село Долно Лисиче.

Најтешко повреден е возачот С.Р., кој со тешки телесни повреди е пренесен во Ургентниот центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Полицијата ја продолжува истрагата за причините за несреќата и околностите што довеле до овој сериозен инцидент.

FixCredit
Escape