Официјалната портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Москва постојано добивала уверенија од Белград дека извозот на српска муниција е строго контролирана и дека оружје од Србија нема да биде испорачано во Украина.
Таа додаде дека изјавите на српскиот претседател Александар Вучиќ во различни интервјуа создаваат впечаток како да ги даваат „сосема различни луѓе“, со оглед на разликите во тон и содржина во јавните настапи.
Захарова истакна дека руската страна се потпира на гаранции од Белград за почитување на неутралноста и спречување на користење на српско оружје против руски војници, додавајќи дека руските војници историски им помогнале на српскиот народ.
Претходно, СВР на Русија објави дека Србија наводно испратила муниција во Киев, на што Вучиќ одговори дека сите спорни испораки ќе бидат откажани и дека секоја идната пратка ќе бара посебна одлука.














