ПРВ.мк
Македонија

Лажно пријавила бомба во училиште – еве ги деталите!

 Лажно пријавила бомба во училиште – еве ги деталите!
Kristal

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 40-годишна жена од Радовиш поради лажно пријавување на кривично дело, по член 366 став 4 во врска со став 3 од Кривичниот законик.

Според обвинението, осомничената на 29 октомври 2025 година, од свој мобилен телефон испратила е-пошта со заканувачка содржина до службената адреса на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Радовиш, во која навела дека во училиштето е поставена бомба. Иако знаела дека тоа не е вистина, со своето дело предизвикала паника и ја мобилизирала полицијата и итните служби.

По спроведената истрага, обвинителството предложи до судот да ѝ бидат определени мерки на претпазливост, меѓу кои:

  • забрана за напуштање на местото на живеење,
  • привремено одземање на патна исправа и
  • забрана за испраќање пораки со заканувачка содржина.

Обвинителството потсети дека лажните пријави, особено оние што предизвикуваат вознемиреност и ангажман на безбедносните служби, претставуваат сериозно кривично дело за кое е предвидена казна затвор.

Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape
DIK