ПРВ.мк
Македонија

Од Зелениково до Скопје со градски воз за само 25 минути!

 Од Зелениково до Скопје со градски воз за само 25 минути!
Kristal

Проектот „Градски воз“ станува реалност — патувањето од Зелениково до центарот на Скопје ќе трае само 25 минути. Првата фаза предвидува ремонт на 24,5 километри железничка траса со седум станици, целосна електрификација и современ систем за побрз и почист јавен превоз.

Министерот за транспорт Александар Николоски изјави дека проектот ќе понуди три траси, од кои една — Драчево–Илинден — ќе биде резервирана за товарен сообраќај. Вредноста на реконструкцијата изнесува вкупно 8,7 милиони евра, а завршувањето се очекува за шест месеци.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави логистичка поддршка преку ЈСП, за непречено поврзување на железничките точки со автобускиот систем.

Премиерот Христијан Мицкоски додаде дека проектот ќе помогне да се намали загадувањето во градот и дека е дел од пошироката стратегија за модерен и еколошки јавен транспорт.

Во следните фази, до 2027 година, се планира проширување на линиите од Волково и Миладиновци кон центарот на Скопје, со што ќе се создаде целосна мрежа на градски возови за полесно и побрзо движење низ метрополата.

Escape