Утрово земјотрес со јачина од 3,9 степени според Рихтер ја погоди граничната област меѓу Црна Гора и Босна и Херцеговина, соопшти РТВ.
Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), потресот е регистриран во 08:59 часот, а епицентарот бил 71 километар источно-југоисточно од Сараево и 22 километри од Фоча, на длабочина од шест километри.














