ПРВ.мк
Магазин

Зошто не е мудро да возите со скоро празен резервоар – можни штети и ризици

Зошто не е мудро да возите со скоро празен резервоар – можни штети и ризици
Kristal

Многу возачи ја чекаат ламбичката за „резерва“, мислејќи дека така штедат. Но, експертите предупредуваат дека редовното возење со ниско ниво на гориво може да предизвика сериозни оштетувања.

Најголем ризик е пумпата за гориво, која се лади со самото гориво. Кога резервоарот е речиси празен, пумпата работи „на суво“ и може да прегрее. Освен тоа, дното на резервоарот собира талог и нечистотија кои пумпата може да ги влече во филтерот или системот за вбризгување, што води до неправилна работа на моторот или дури дефекти.

Возењето со „резерва“ претставува и безбедносен ризик – можна е непријатна или опасна ситуација ако останете без гориво.

Стручњаците советуваат: никогаш не спуштајте го резервоарот под една четвртина, дополнете гориво веднаш кога ќе се вклучи ламбичката, и редовно чистете или менувајте го филтерот за гориво.

На кратко, возењето со речиси празен резервоар може да заштеди моментно, но на долг рок ќе ве чини многу повеќе и во пари, и во проблеми.

Escape