Биолози од унгарскиот универзитет во Романија открија гигантска пајакова мрежа формирана од над 111.000 пајаци во сулфурна пештера на грчко-албанската граница. Интересно е што мрежата ја создадоа пајаци од два различни вида, кои досега се сметале за противници.
Мрежата се протега на 106 квадратни метри во тесен, низок премин во темната пештера, а водечкиот автор на истражувањето, Иштван Урак, ја опиша како „восхитувачка и преплавена со емоции“.
Сулфурната пештера е формирана од сулфурна киселина која се создава со оксидација на водород сулфид во подземните води. Истражувањето на колонијата пајаци открива нови информации за овие видови, иако спелеолози од Чешкото спелеолошко друштво ја забележале мрежата уште во 2022 година.















