ПРВ.мк
Балкан

Задолжителен воен рок од јануари – обезбедени 120 простории за првата генерација!

Задолжителен воен рок од јануари – обезбедени 120 простории за првата генерација!

Министерот за одбрана на Србија, Братислав Гашиќ, најави дека од јануари ќе започне службата на првата генерација млади кои ќе мораат да поминат задолжителен воен рок. За таа цел, армијата подготвила над 120 утврдени простории.

Гашиќ истакна дека процесот на враќање на задолжителната служба не е ниту лесен, ниту евтин, и дека Министерството веќе започнало со подготовка на сите потребни законски и подзаконски акти за ова да стапи на сила.

На есенската сесија на Собранието ќе биде предложен нов пакет закони за армијата, меѓу кои и закон за враќање на задолжителната служба. Министерот изрази надеж дека службата ќе почне помеѓу јануари и март, кога ќе се формира првата генерација војници.

Escape