За време на својата втора државна посета на Велика Британија, претседателот Доналд Трамп и неговата сопруга Меланија беа принудени на ненадејно слетување поради технички проблем со хеликоптерот. Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, потврди дека станува збор за хидрауличен дефект, поради што авионот „Марин Уан“ морал да слета како мерка на претпазливост.
Трамп и Меланија безбедно биле префрлени во вториот хеликоптер, со кој продолжиле до аеродромот Станстед, каде пристигнале дваесетина минути подоцна. Службите за итни случаи беа присутни на пистата на аеродромот Лутон, додека двата претседателски хеликоптери беа паркирани еден до друг.
„Марин Уан“ е специјално адаптиран хеликоптер опремен со напредни системи за безбедност и одбрана, вклучувајќи радарски блокирачи и противракетна заштита. Претседателската формација обично ја сочинуваат и повеќе идентични хеликоптери кои служат како мамки, како и придружба од авиони „Оспреј МВ-22“.
Доналд Трамп ја искористи посетата за серија средби со британските официјални лица, вклучувајќи разговори со премиерот Сер Кир Стармер, на кои беа разгледани актуелни светски прашања.