ПРВ.мк
Свет

Мадуро: САД сакаат да воведат марионетски режим во Венецуела за да ја земат нашата нафта!

Мадуро: САД сакаат да воведат марионетски режим во Венецуела за да ја земат нашата нафта!

Венецуелскиот претседател Николас Мадуро обвини дека САД развиваат империјален план за промена на режимот во Венецуела, со цел да инсталираат марионетска влада која ќе ги контролира огромните резерви на нафта, гас и злато во земјата.

„Целта е да ни ја украдат четвртата најголема светска нафтена резервa, четвртите најголеми резерви на гас и првите резерви на злато“, изјави Мадуро на телевизискиот канал Венезолана де Телевизи.

Тој додаде дека САД концентрирале воени бродови и нуклеарна подморница во Карибите и дека упатуваат лажни обвинувања против Венецуела, кои, според него, биле отфрлени од страна на Обединетите нации, Европската унија и други организации.

Мадуро рече дека Вашингтон нема да ја постигне својата цел и дека Венецуела ќе остане „независна, слободна и мирна земја“. Во таа насока, Националните боливарски вооружени сили спроведуваат воени маневри „Карипски суверенитет 200“ за заштита на територијалните води.

Претседателот постојано предупредува дека земјата се соочува со најголемата закана од инвазија од страна на САД во последните 100 години, додека американските воени сили веќе распоредиле разорувачи, подморници и илјадници војници во регионот под оправдување за борба против нарко-картелите.

Во меѓувреме, САД ја обвинуваат власта на Мадуро за поврзаност со нарко-картелот „Картел де лос Солес“, што Каракас го негира како лажна и злонамерна клевета.

Escape