Во нуклеарната централа „Козлодуј“ во Бугарија избувна пожар во машинската просторија на безбедносниот систем на петтата енергетска единица. Поради густ чад, веднаш беше повикана противпожарна служба, а персоналот на централата презема мерки за замена на оштетената опрема.
Според официјалните информации, ситуацијата е ставена под контрола и нема опасност за здравјето на луѓето. Вработените остануваат во готовност додека инцидентот не биде целосно саниран.















