ПРВ.мк
Балкан

Вонредна состојба во Албанија: 800 куќи под вода, евакуирани семејства – властите предупредуваат дека најлошото допрва може да следи

Вонредна состојба во Албанија: 800 куќи под вода, евакуирани семејства – властите предупредуваат дека најлошото допрва може да следи
Kristal

Сериозна хуманитарна и безбедносна криза се одвива во Албанија, каде обилните врнежи предизвикаа масовни поплави, особено во регионот на Драч. Состојбата е оценета како критична, а опасноста, според надлежните, сè уште не е надмината.

Министерот за одбрана на Албанија, Пиро Венгу, свика итен состанок на Комитетот за цивилни вонредни ситуации, по што соопшти дека досега се поплавени околу 800 домови. Поради директна закана по безбедноста, 180 жители биле принудени да ги напуштат своите домови и се евакуирани на побезбедни локации.

„Сите надлежни служби се постојано на терен и ситуацијата се следи од час во час. Опасноста не е помината и мораме да бидеме подготвени за брзи реакции“, напиша Венгу во објава на социјалните мрежи.

Во акцијата се вклучени цивилната заштита, општинските служби и други државни институции, кои интервенираат таму каде што ризикот е најголем. Властите упатуваат апел до населението строго да ги почитува препораките и наредбите на службите за итни случаи.

Дополнителна загриженост внесува и најавата од Институтот за геолошки науки, според која и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, особено на северот и југот на земјата. Тоа може да доведе до ново зголемување на водостоите на реките и проширување на поплавените подрачја.

Надлежните предупредуваат дека следните часови ќе бидат клучни за развојот на состојбата.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape