ПРВ.мк
Македонија

(ВИДЕО) На терен со снежните наноси: Николоски од Дебарско информира за ситуацијата - ова се деталите!

(ВИДЕО) На терен со снежните наноси: Николоски од Дебарско информира за ситуацијата - ова се деталите!
Kristal

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денес изјави дека сите патни правци во земјава се проодни, благодарение на екипите на Македонија пат и компаниите ангажирани за расчистување на снегот.

– „Тука сме во близина на селото Скудриње. Се покриваат две секции, Косоврасти и Маврово. Би сакал да им честитам на прекрасниот тим на Македонија пат и на сите кои деноноќно работат за чисти и проодни патни правци. Сите камиони се ставени во функција, а компаниите помагаат во расчистувањето на снегот“, изјави Николоски.

Тој апелира до граѓаните внимателно да ги користат патиштата, да ја прилагодуваат брзината на условите на теренот и да користат зимски гуми и опрема како ланци каде што е потребно за сигурен и безбеден сообраќај.

Министерот нагласи дека оваа ситуација се очекува да продолжи и во наредните денови и дека надлежните ќе бидат во постојана координација за да се обезбеди непречен сообраќај, особено за бизнисот и граѓаните по празниците.

– „Честитки до сите кои 24 часа деноноќно се обидуваат да се справат со снежните наноси. Апелирам до граѓаните за одговорно возење и почитување на сите правила“, додаде Николоски.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА

FixCredit
Escape