ПРВ.мк
Балкан

Внимавајте каде паркирате во Солун – Општината воведе блокатори на тркала

Внимавајте каде паркирате во Солун – Општината воведе блокатори на тркала
Escape

Општина Солун воведува строга мерка против непрописно паркирање, која важи и за странските туристи, вклучително и Македонците кои го посетуваат градот за шопинг или прошетка. Секое возило кое ќе биде паркирано на забранети места, како што се паркинг-зоните за жители, рампите за лица со попреченост и зоните за товарење и истовар, ќе добие блокатор на тркало.

Заменик-градоначалникот Костас Циапакидис објасни дека претходно странците често ја игнорирале казната, а потоа заминувале од земјата без последици. Со новата мерка, блокираното возило ќе може да се ослободи само по уплата на казната до општинската полиција на број +30 2313 317930.

Мерката ќе важи најмалку до крајот на септември, а контролите ќе се засилат особено во популарните туристички и шопинг-зони, како околу трговскиот центар „Mediterranean Cosmos“, променадата и централниот плоштад.

Сите посетители треба внимателно да ги почитуваат правилата за паркирање за да избегнат непријатности и дополнителни трошоци.

Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape