Експлозија на плинска боца попладнево ја потресе Аспровалта – омилена дестинација за македонски и српски туристи. Пет српски државјани се повредени, а еден од нив е во критична состојба со тешки изгореници на телото.
Несреќата се случила околу 15 часот во изнајмен апартман каде што престојувала група туристи. Според првичните информации, четворица од повредените се здобиле со исеченици од скршено стакло, додека 41-годишен маж има сериозни изгореници и е хоспитализиран.

Шок и паника меѓу туристите – полицијата уапси 86-годишна жена
Полицијата веднаш ја привела сопственичката на сместувањето, 86-годишна жена, поради сомневање дека експлозијата настанала поради занемарена безбедност. Истражните органи во моментов ги утврдуваат точните околности на трагедијата.

Херојска реакција на спасувачите
Доброволни спасувачи пристигнале на местото само три минути по експлозијата и веднаш започнале со прва помош. Во координација со ЕКАВ, брзата помош ги транспортирала повредените во Здравствен центар.
„Еден маж беше сериозно повреден од изгореници. Му дадовме итна медицинска помош на лице место. Реакцијата на брзата помош беше брза и прецизна“, напишаа волонтерите Христос Тијаликас, Стела Салепи, Николас Митакос и Кристина Траику.

Туристите во шок, локалните власти во истрага
Состојбата на тешко повредениот маж се следи со внимание, додека локалните власти продолжуваат со истрага за безбедносните пропусти. Настанот отвора сериозни прашања за стандардите во туристичките капацитети и за тоа кој сноси одговорност кога животот на гости е доведен во опасност.
Посетителите на Аспровалта се уште под шок од страшната сцена што се одигра буквално за неколку секунди – мирен летен одмор се претвори во борба за живот.
