ПРВ.мк
Балкан

(ВИДЕО) СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО СОСЕДСТВОТО: Обилните снежни врнежи ги затворија училиштата - земјата под удар на екстремни услови!

(ВИДЕО) СИЛНО НЕВРЕМЕ ВО СОСЕДСТВОТО: Обилните снежни врнежи ги затворија училиштата - земјата под удар на екстремни услови!
Kristal

Силно невреме ја зафати Грција, предизвикувајќи сериозни проблеми во повеќе делови од земјата и принудувајќи ги надлежните власти да донесат итни мерки. Поради обилните снежни врнежи, мразот, силните дождови и невремето, училиштата во делови од регионот Тракија се затворени, а наставата се префрла на онлајн модел, објави Скопје1.мк.

Според одлуката на официјалните институции, во повеќе области во Тракија учениците ќе ја следат наставата од дома, додека дел од училиштата се целосно затворени поради опасните услови на терен. Обилниот снег и ниските температури создадоа сериозни ризици за безбедноста, поради што ваквата одлука е донесена како превентивна мерка, пренесува ERT News.

Проблеми се забележани и во планинските региони. Во ски-центарот Лајлија, во близина на Серес, дури 15 автомобили останале заглавени со часови на патот, откако возачите не користеле задолжителни синџири за снег. Интервенциите на надлежните служби траеле со часови поради лошите временски услови и отежнатиот пристап.

Метеоролозите предупредуваат дека невремето ќе продолжи и во текот на денешниот ден. Се очекуваат обилни дождови, силни бури и локално интензивни снежни врнежи во повеќе региони на Грција. Како најзагрозени области се посочуваат Источниот Егеј, Крит и Тракија, каде што се прогнозира засилување на ветровите и дополнителен пад на температурите.

Надлежните служби се во состојба на зголемена готовност и апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни, да ги следат официјалните информации и да избегнуваат непотребни патувања во погодените региони.

ВИДЕО

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape