ПРВ.мк
Свет

ЧИСТЕЛЕ СТАН, ПА НАЛЕТАЛЕ НА СКЕЛЕТ: Остатоците од жена биле затрупани со ѓубре – се одмотува морничаво клопче на мистериозни смртни случаи!

ЧИСТЕЛЕ СТАН, ПА НАЛЕТАЛЕ НА СКЕЛЕТ: Остатоците од жена биле затрупани со ѓубре – се одмотува морничаво клопче на мистериозни смртни случаи!
Kristal

Работници од фирма специјализирана за расчистување станови наишле на морничаво откритие во стан во Манхајм, во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија. Под големи наслаги отпад биле пронајдени делумно скелетизирани посмртни остатоци на повозрасна жена, по што полицијата веднаш започнала истрага која случајот го третира како можно убиство.

Откритието било направено речиси три месеци по претходна полициска интервенција во истиот стан. На 6 ноември 2025 година, полицијата извршила претрес поради сомнеж за нелегално поседување оружје. За време на таа акција, 52-годишниот сопственик на станот, во присуство на полициски службеници, извршил самоубиство со огнено оружје. По настанот, станот бил запечатен и недостапен сè до крајот на јануари 2026 година.

Кога започнало чистењето, на 30 јануари, работниците пронашле пластична кеса во која се наоѓале посмртните остатоци на жена. Полицијата била веднаш известена и го обезбедила местото, а форензичките служби започнале со детални анализи. Првичните наоди од обдукцијата укажуваат на сомнеж за насилна смрт, иако конечните резултати сè уште се очекуваат.

Идентитетот на жената засега не е утврден, а истражителите работат на реконструкција на настаните и утврдување на времето и причината за смртта. Полицијата формирала специјален тим за убиства под раководство на Полициската управа во Дизелдорф, кој интензивно го истражува случајот и проверува дали постои поврзаност меѓу пронајдените останки и самоубиството на сопственикот на станот.

Надлежните апелираат до јавноста за какви било информации што би можеле да помогнат во идентификацијата на жртвата и расветлување на околностите под кои дошло до нејзината смрт. Истрагата продолжува, а германските власти најавуваат дека повеќе детали ќе бидат соопштени по завршување на сите форензички истраги.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape