ПРВ.мк
Балкан

(ВИДЕО) ОГНЕНА СТИХИЈА ВО БЛИЗИНА НА СОЛУН: Пожар го зафати еколошкиот парк, во акција авиони, хеликоптери и десетици пожарникари!

(ВИДЕО) ОГНЕНА СТИХИЈА ВО БЛИЗИНА НА СОЛУН: Пожар го зафати еколошкиот парк, во акција авиони, хеликоптери и десетици пожарникари!

Голем пожар избувна утрово во Еколошкиот парк Дервени во близина на Солун, по што грчките власти започнаа голема операција за ставање под контрола на огнената стихија.

На терен се испратени бројни противпожарни екипи, а поради сложеноста на ситуацијата во гаснењето се вклучени и воздушни сили кои се обидуваат да спречат понатамошно ширење на огнот.

Според информациите од грчките медиуми, во борбата со пожарот учествуваат 78 пожарникари со 22 противпожарни возила. Помош пристигнала и од пожарникари од Молдавија, како и од доброволци кои се вклучиле во акцијата.

Од воздух, пожарот го гаснат пет авиони и два хеликоптери, кои со интервенции од височина се обидуваат да ги локализираат најкритичните точки.

Поради опасноста од брзо ширење на огнот, властите упатија предупредување до жителите во околните населени места да бидат внимателни и превентивно да ги затворат прозорците и вратите, особено поради можниот чад и загадениот воздух.

Во меѓувреме, специјална единица за истрага на пожари од Солун е испратена на терен за да ги утврди причините поради кои избувнал пожарот.

Засега нема информации дека огнот директно ги загрозува блиските станбени населби, но подрачјето останува под посебен надзор бидејќи е означено како регион со висок ризик од пожари.

Противпожарните служби продолжуваат со интензивната борба за целосно локализирање на пожарот и спречување на негово понатамошно проширување.

ВИДЕО