ПРВ.мк
Балкан

(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНА СЦЕНА ВО ЗАГРЕБ: Баба постави базен на улица за внуците, соседите се заканиле со солна киселина!

(ВИДЕО) НЕВЕРОЈАТНА СЦЕНА ВО ЗАГРЕБ: Баба постави базен на улица за внуците, соседите се заканиле со солна киселина!

Необичен случај од Загреб привлече големо внимание на јавноста откако постара жена поставила детски базен на улица, бидејќи, како што објаснила, во дворот немало доволно простор за него. Снимките и фотографиите брзо се прошириле на социјалните мрежи, а приказната предизвика бројни реакции.

Базенот бил поставен меѓу паркирани автомобили, веднаш до оградата на нејзиниот дом, и таму стоел околу две недели. Иако жената тврди дека не претставувал сериозна пречка за сообраќајот, необичната глетка ги изненадила минувачите, по што случајот станал вирален.

Откако информацијата стигнала и до надлежните служби, таа била принудена да го испразни и отстрани базенот од улицата.

Постарата жена вели дека најмногу ѝ е жал што нејзините внуци повеќе нема да можат да уживаат во капењето, бидејќи токму за нив го поставила базенот.

„Базенот беше таму две недели и, колку што знам, никој од соседите не се пожали. Децата пливаа во тој базен цел ден, за среќа, наскоро ќе одат на море“, изјавила таа за „Индекс“.

Сепак, по големото внимание што го привлече случајот, на социјалните мрежи почнале да се појавуваат и навредливи, како и вознемирувачки коментари. Жената раскажува дека нејзината снаа ѝ ги прочитала дел од пораките, во кои поединци дури се заканувале дека ќе стават солна киселина во базенот.

„Подоцна, снаата ми ги прочита коментарите, луѓето пишуваа дека ќе стават киселина внатре. Па, замислете ако моите внуци влезат во таков базен? Нека носат на душа три деца“, изјавила таа.

Случајот предизвика поделени реакции во јавноста. Додека едни сметаат дека поставувањето базен на јавна површина не е соодветно и може да создаде проблеми во сообраќајот, други посочуваат дека заканите и повиците за нанесување штета се целосно неприфатливи и опасни, особено кога во прашање се деца.

ВИДЕО

Најнови вести