ПРВ.мк
Балкан

„ВЕ МОЛАМ КАКО ОБИЧЕН ЧОВЕК“ – Вучиќ апелира за прекин на блокадите, студентите најавуваат уште поголем хаос

„ВЕ МОЛАМ КАКО ОБИЧЕН ЧОВЕК“ – Вучиќ апелира за прекин на блокадите, студентите најавуваат уште поголем хаос
Escape

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во видео-порака повика на разум и мир, предупредувајќи дека државата не смее да дозволи насилство како што се нелегалните блокади, кои ја загрозуваат слободата на движење и јавниот ред.

Вучиќ остро реагираше на блокадите кои ги организираат студентите и други граѓани низ Белград, Нови Сад и Ниш, нагласувајќи дека овие дејства се сериозни кривични дела и ги замоли граѓаните „како обичен човек“ да сфатат колку се штетни за државата.

„Оние кои сакаат да ја уништат Србија се обидуваат да ви го отежнат животот, да ве спречат да одите на работа и да живеете нормално“, рече претседателот.

Министерството за внатрешни работи најави дека полицијата ќе интервенира против сите нелегални блокади и ќе преземе неопходни мерки за заштита на јавниот ред и мир, а против прекршителите ќе бидат поднесени кривични и прекршочни пријави.

Студентите, од своја страна, најавија целосна блокада на главните градови во Србија како реакција на полициската бруталност по претходните протести и приведувања. Тие бараат нови избори и одговорност за трагедијата на железничката станица во Нови Сад, каде минатата година загинаа 16 лица.

Ситуацијата е напната и обострано тврдењата најавуваат нови конфликти, додека државните органи инсистираат на почитување на законот и одржување на јавниот ред.

ВИДЕО

Mia Home Mavrovo