ПРВ.мк
Балкан

Скандал во Ѕвездите на Гранд: Македонски натпреварувач ја обвини Вики Миљковиќ за мито, па се извини по опомена пред тужба

Скандал во Ѕвездите на Гранд: Македонски натпреварувач ја обвини Вики Миљковиќ за мито, па се извини по опомена пред тужба

Вистинска драма се одвива зад сцената на популарното шоу „Ѕвездите на Гранд“, откако српската пејачка и долгогодишен ментор Вики Миљковиќ јавно се огласи поради сериозни обвинувања – дека наводно побарала мито од македонскиот кандидат Александар Темелков. Но, откако таа најави правни мерки, Темелков јавно се извини и тврди дека неговите зборови биле извадени од контекст.

Вики Миљковиќ објави официјално соопштение во кое ги негира обвинувањата, нарекувајќи ги „апсолутна лага и злонамерна клевета“, кои длабоко го навредуваат нејзиниот професионален интегритет.

„Мојата репутација, и професионална и лична, е нешто што со децении сум го градела, и нема да дозволам некој да го валка тоа во име на евтин публицитет,“ – напиша таа на Instagram.

Пејачката потенцираше дека нема да дозволи никој да го користи нејзиното име за лажни сензации, и упати јасна порака дека, ако не добие јавно извинување, ќе побара правда преку суд.

Имено, Темелков наводно ги изнел овие тврдења во гостување во македонски подкаст, но потоа преку видео на социјалните мрежи јавно ѝ се извини на Миљковиќ, објаснувајќи дека неговите зборови биле погрешно интерпретирани.

Овој инцидент ја потресе публиката на „Гранд“, каде Вики е веќе долги години присутна како еден од најистакнатите членови на жирито и ментор на млади таленти од целиот регион.

Скандалот ја отвори и темата за границите на медиумската слобода, јавните обвинувања и професионалната одговорност во светот на естрадата.

Најнови вести