ПРВ.мк
Македонија

АЛАРМ ВО ЗДРАВСТВОТО: Потврден случај на денга треска – пациент хоспитализиран, властите смируваат

АЛАРМ ВО ЗДРАВСТВОТО: Потврден случај на денга треска – пациент хоспитализиран, властите смируваат

Во земјата е потврден еден случај на денга треска, информираат здравствените власти.

Станува збор за 42-годишен маж од Бангладеш, кој пристигнал во земјата поради работа. Дијагнозата е потврдена врз основа на лабораториски анализи направени на Клиниката за инфективни болести во Скопје и во Институтот за јавно здравје.

Пациентот е хоспитализиран и се наоѓа под лекарски надзор на Инфективната клиника.

Од надлежните институции посочуваат дека во моментот не постои ризик за локално ширење на инфекцијата.

Денга треската е вирусно заболување кое се пренесува исклучиво преку убод од заразен комарец, и најчесто се јавува во тропски и суптропски региони.

Најнови вести