ПРВ.мк
Црна Хроника

(ВИДЕО) ДРАМА КАКВА ШТО НЕ СЕ ПАМЕТИ: Масовна тепачка поради лежалка, возрасен маж дивјачки ја претепал 13-годишната девојка

(ВИДЕО) ДРАМА КАКВА ШТО НЕ СЕ ПАМЕТИ: Масовна тепачка поради лежалка, возрасен маж дивјачки ја претепал 13-годишната девојка

Во познат туристички ресорт во Каталонија се случи масовна тепачка која ја потресе јавноста. Најтешко помина 13-годишна девојчица од Велика Британија, која остана со скршен нос и лице облеано во крв.

Сè започнало наизглед безазлено – девојчето седнало на празна лежалка покрај базенот, не знаејќи дека друга фамилија ја „резервирала“. Во секунда, ситуацијата ескалирала. Еден маж без маица полудел и почнал да ја удира девојчицата, додека друг ја влечел за коса. За кратко, во тепачката се вмешале и други гости, претворајќи ја сцената во хаос што очевидците го опишале како „Див Запад“.

Сведоци велат дека мажот не изговорил ниту збор – само се нафрлил врз детето. Паниката се проширила околу базенот, мајките вриштеле и извлекувале деца од водата за да ги заштитат од насилството.

Девојчето, крваво и исплашено, успеало да побегне, но зад себе оставило сцена на врескање, крв и метеж. Неколку други учесници во тепачката добиле модрици и посекотини.

ВИДЕО

Најнови вести