ПРВ.мк
Балкан

Трамп го сподели интервјуто на Вучиќ и ја крена Србија на нозе: „Еве зошто Србите најмногу го поддржуваат“

Трамп го сподели интервјуто на Вучиќ и ја крена Србија на нозе: „Еве зошто Србите најмногу го поддржуваат“

Американскиот претседател Доналд Трамп го сподели интервјуто што српскиот претседател Александар Вучиќ го даде за американскиот конзервативен медиум „Брајтбарт њуз“, потег што предизвика големо внимание во Србија и регионот.

Во интервјуто, Вучиќ изнесе став дека Трамп ужива исклучително висока поддршка меѓу српските граѓани и оцени дека токму Србија е европската земја каде американскиот лидер има најголема популарност.

Според српскиот претседател, уште пред американските избори во 2024 година, голем дел од српските граѓани посакувале победа на Трамп, а поддршката ја објасни преку неколку причини.

Вучиќ посочи дека првата причина е желбата за поинакви односи меѓу Србија и САД по долг период на политички несогласувања. Втората причина, според него, е поврзана со ставовите на Трамп за општествените прашања, додека третата ја гледа во поддршката за христијанските вредности и неговите пораки за мир и стабилност.

Во разговорот, српскиот претседател упати и директна покана до Трамп да ја посети Србија, изразувајќи уверување дека би бил пречекан од огромен број граѓани и дека таквата посета би можела да отвори ново поглавје во односите меѓу Белград и Вашингтон.

Вучиќ потсети и дека последниот американски претседател кој официјално бил во Белград бил Ричард Никсон, додавајќи дека се надева оти Трамп ќе стане следниот американски лидер што ќе ја посети Србија.

По објавата на Трамп, интервјуто го сподели и поранешниот американски генерал и советник за национална безбедност Мајкл Флин, кој потсети на историската операција „Халијард“, позната како една од најголемите акции за спасување американски и сојузнички пилоти за време на Втората светска војна.

Во своето обраќање, Флин нагласи дека Србија имала значајна улога во спасувањето на стотици американски пилоти, додека Вучиќ дополнително потсети на историското сојузништво меѓу Србија и САД во текот на двете светски војни.

Најнови вести