ПРВ.мк
Балкан

ВОЕНО ЗАСИЛУВАЊЕ - Оваа балканска земја гради една од најсилните армии во светот!

ВОЕНО ЗАСИЛУВАЊЕ - Оваа балканска земја гради една од најсилните армии во светот!

Хрватскиот министер за одбрана Иван Анушиќ изјави дека до 2030 година хрватската армија има потенцијал да стане една од најсилните мали армии во Европа, па дури и на светско ниво, благодарение на обемниот процес на модернизација на вооружените сили.

Изјавата ја даде при испраќањето на 45-от хрватски контингент во мисијата КФОР на НАТО во Косово, а подоцна ги коментираше плановите за вооружување во интервју за Хрватското радио.

Според него, во тек е, како што ја нарече, најголемата и единствена модернизација во историјата на хрватската армија, која ги опфаќа копнените сили, морнарицата и воздухопловството.

Анушиќ наведе дека се реализираат повеќе клучни проекти, меѓу кои набавка на систем за противвоздушна одбрана со среден дострел, две корвети за морнарицата, дополнителни хеликоптери „Блек Хок“, модернизација на борбените авиони „Рафал“, нови радарски системи, системи за одбрана од беспилотни летала и нова опрема за сите родови на армијата.

Тој додаде дека дел од беспилотните системи се развиваат и во рамки на домашната одбранбена индустрија.

Според најавите, испораките на тенкови, хаубици, хеликоптери „Блек Хок“, системи HIMARS и друга опрема треба да бидат завршени до 2030 година.

Министерот нагласи дека при изборот на вооружување се следат експертски анализи и повеќе критериуми, меѓу кои квалитет, цена, рокови на испорака и можност за учество на домашната индустрија, со цел дел од производството и развојот да се реализира во Хрватска.