ПРВ.мк
Македонија

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА: Верижен судир на четири возила - едно лице со сериозни повреди!

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА: Верижен судир на четири возила - едно лице со сериозни повреди!

Сериозна сообраќајна незгода се случила на 30 мај 2026 година околу 14:10 часот кај месноста „Сеферов бунар“ на магистралниот пат Кичево–Гостивар, каде што учествувале вкупно четири возила.

Според информациите, во несреќата биле вклучени товарно возило „Фолксваген кеди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 62-годишниот Ф.К. од селото Грешница, товарно возило „Сканија“ со албански регистарски ознаки, управувано од 60-годишниот А.С. од Делисуфај, Република Албанија, патничко возило „БМВ“ со унгарски национални ознаки управувано од 45-годишна жена од Будимпешта, како и патничко возило „Фиат“ со српски регистарски ознаки, управувано од 32-годишна жена од Ниш.

Во незгодата најтешко поминал возачот на „Фолксваген кеди“, кој се здобил со тешки телесни повреди. Поради сериозноста на состојбата, тој бил пренесен во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ во Скопје за понатамошно лекување и медицинска грижа.

Надлежните служби работат на утврдување на причините и околностите под кои дошло до сообраќајната незгода.