ПРВ.мк
Македонија

БРУТАЛЕН НАПАД: Масовна тепачка меѓу два боречки клуба – повеќе повредени во жесток инцидент!

БРУТАЛЕН НАПАД: Масовна тепачка меѓу два боречки клуба – повеќе повредени во жесток инцидент!

Инцидент со сериозни последици се случил на 30 мај 2026 година околу 21:30 часот на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, каде што дошло до физички судир во кој учествувале повеќе лица.

Според пријавата поднесена во СВР Скопје, 19-годишниот Т.Р. од Скопје пријавил дека биле нападнати тој, неговиот татко и брат, како и уште седум лица кои биле дел од еден боречки клуб.

Во пријавата се наведува дека нападот бил извршен од Ј.Р., Б.Е. и уште неколку лица од друг боречки клуб, при што конфликтот брзо ескалирал во масовна тепачка.

Како што е пријавено, во инцидентот биле користени тврди и остри предмети, како и стаклени предмети, а повеќе учесници се здобиле со повреди.

Од надлежните институции информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со инцидентот.

Најнови вести