ПРВ.мк
Балкан

ТАЕН ПАКТ ЗА НОВ ВОЕН СОЈУЗ? Балканска држава со клучна улога – воени бродови веќе пристигнуваат, еве кои земји се членки!

ТАЕН ПАКТ ЗА НОВ ВОЕН СОЈУЗ? Балканска држава со клучна улога – воени бродови веќе пристигнуваат, еве кои земји се членки!
Kristal

Доверлив проект за формирање нова поморска воена коалиција во Црното Море, предводена од Турција, се разгледува меѓу државите што излегуваат на ова стратешки важно море. Иницијативата, според достапните информации, е тесно поврзана со можен мировен договор меѓу Украина и Русија и идниот безбедносен аранжман во регионот.

Нов воен сојуз во Црното Море

Според наводите на специјализираниот портал „Intelligence Online“, Турција води тивки и доверливи разговори за создавање нов воен сојуз во Црното Море. Иако турското Министерство за надворешни работи засега не се огласило официјално, извори од безбедносниот сектор во Анкара потврдуваат дека планот сериозно се разгледува.

Воената соработка, доколку се реализира, би се одвивала под турско раководство и во подолгорочна перспектива би можела да ги опфати сите држави што имаат излез на Црното Море.

Кои земји се спомнуваат како први членки?

Според истите извори, во почетната фаза од проектот, во сојузот би можеле да бидат вклучени:

  • Украина
  • Романија
  • Бугарија
  • Грузија

Во Анкара се разгледува и можноста Русија да биде вклучена во подоцнежна фаза, но исклучиво доколку прифати прекин на огнот и потпише мировен договор со Украина. Без таков чекор, руско членство не се смета за реална опција.

Бугарија – еден од клучните играчи

Идејата за оваа воена коалиција била тема на разговор за време на посетата на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан на самитот на таканаречената „Коалиција на подготвените“ за поддршка на Украина, одржан во Париз на 6 јануари.

Кратко по тој самит, беше активирана и веќе постоечката структура – Поморската група за противмински операции во Црното Море (MCM Black Sea), која беше формирана на 11 јануари 2024 година од Турција, Романија и Бугарија, како директен одговор на војната меѓу Русија и Украина.

Воени бродови веќе на терен

Само еден ден по состанокот во Париз, романски и бугарски воени бродови пристигнале во пристаништето во Истанбул, каде заедно со турските сили спровеле повеќедневни вежби за расчистување морски мини во западниот дел на Црното Море. Ова е осми пат од основањето на групата таа да биде активирана, што јасно укажува на засилената воена координација меѓу овие земји.

Иако официјална потврда за создавање нов воен сојуз сè уште нема, движењата на воените бродови, интензивните вежби и тивките дипломатски разговори покажуваат дека безбедносната архитектура во Црното Море може да влезе во сосема нова фаза.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo