ПРВ.мк
Македонија

Шок во Куманово: Татко брутално го нападнал малолетниот син и го избркал од домот

Шок во Куманово: Татко брутално го нападнал малолетниот син и го избркал од домот
Kristal

Вознемирувачки случај на семејно насилство е пријавен во Куманово, каде што маж на средна возраст се сомничи дека физички го нападнал својот малолетен син и потоа го избркал од семејниот дом.

Според информациите од надлежните институции, против лицето е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело поврзано со запуштање и малтретирање на дете. Инцидентот се случил на крајот на декември минатата година, кога, според пријавата, таткото применил физичка сила врз детето, по што го избркал надвор од домот.

Случајот бил пријавен до полицијата, која веднаш презела мерки и активности за целосно расчистување на настанот. За случувањата биле информирани и надлежните социјални служби, со цел да се обезбеди заштита и соодветна грижа за малолетното лице.

Надлежните институции апелираат до граѓаните навремено да пријавуваат вакви и слични случаи, особено кога станува збор за насилство врз деца, нагласувајќи дека секоја пријава може да спречи посериозни последици.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo