На подрачјето на Тузланскиот кантон утрово започна голема полициска акција по наредба на Обвинителството на овој кантон, поради сериозни сомневања за сексуална злоупотреба на деца и наведување малолетници на проституција.
Според неофицијални извори, на мета на истрагата се поединечни припадници на Министерството за внатрешни работи на Тузланскиот кантон, а вкупно се осомничени шест лица. Полицијата извршува претреси на повеќе локации, со цел обезбедување докази.
Истражителите наводно пронашле видеоматеријали од сексуална злоупотреба на деца, кои се дел од истрагата. Дополнително, се наведува дека меѓу повредените лица има и деца од Домот за деца без родителска грижа во Тузла, што ја прави ситуацијата уште потрагична.
Министерството за внатрешни работи официјално потврди дека акцијата е во тек и дека сите мерки се преземаат во соработка со надлежното обвинителство.
Не дознавај последен- читај ПРВ.мк














