Инцидентот се случил во фабриката „Хипол“, а според првичните информации, работниците поминале со полесни повреди.
Во фабриката „Хипол“ во Оџаци вчера околу 18 часот дошло до експлозија во која се повредени тројца работници, дознава српски „Блиц“.
Како што пренесуваат медиумите од неофицијални извори, работниците во експлозијата се стекнале со лесни телесни повреди.
Истрагата за причините кои довеле до овој инцидент е во тек.










