ПРВ.мк
Балкан

СТРАВ ВО ГРЦИЈА ПОРАДИ ОТРОВНАТА РИБА: Научниците издадоа итно предупредување – еве каде се движи и зошто е толку опасна!

СТРАВ ВО ГРЦИЈА ПОРАДИ ОТРОВНАТА РИБА: Научниците издадоа итно предупредување – еве каде се движи и зошто е толку опасна!

Отровната сребренообразна риба надувачка, во Грција позната како „лагоцефалус“, се шири од јужните делови на земјата кон водите во близина на Атина и централна Грција. Ова предизвикува загриженост поради можните последици врз морскиот екосистем, рибарството и безбедноста на луѓето, истакнаа научниците.

Според наводите на истражувачите, оваа вид во последните месеци е забележана во Грција во јужниот Евиски Залив, како и по должината на брегот на Атика, вклучувајќи ги подрачјата на Палаја Фокаја, Саронида и Варкиза, што укажува на нејзино понатамошно ширење кон север, пренесува „Катимерини“.

Морскиот биолог Димитрис Пафрас од Универзитетот во Тесалија изјави дека мали единки од овој вид отровна риба се регистрирани и кај Еретрија, Лефканди и други подрачја на западниот брег на Евија, наведувајќи дека ширењето е поврзано со поволните услови за опстанок и размножување.

Научниците истакнуваат дека растот на температурата на морето, поврзан со климатските промени, ги прави водите на источниот Медитеран сè попогодни за овој вид кој води потекло од индо-пацифичкиот регион.

Рибата претставува сериозен проблем за рибарите, бидејќи со своите силни заби ги оштетува мрежите, јадиците и уловот, а може да ги наруши и локалните екосистеми хранејќи се со риби, ракови, мекотелци и главонози.

Зошто е опасна?

Дополнителна загриженост предизвикува фактот што таа содржи тетродотоксин, моќен невротоксин кој е опасен дури и по термичка обработка, поради што конзумирањето на оваа риба може да биде смртоносно.

Експертите наведуваат дека популацијата на овој вид во Медитеранот се шири речиси без природни ограничувања, бидејќи има многу малку природни предатори.

Примерот со Кипар: Како пример за мерки за ублажување на проблемот се наведува Кипар, каде што властите финансиски ги поттикнуваат рибарите да го отстрануваат овој вид од морето.

Според неодамна објавено научно истражување, еколошките услови во делови од грчките води ќе останат погодни за ширење на сребренообразната риба надувачка најмалку до 2035 година, што укажува на тоа дека станува збор за долгорочен тренд, а не за привремена појава.

Најнови вести