ПРВ.мк

Српскиот премиер купил вила вредна милион евра еден ден пред да стапи на функција

Српскиот премиер купил вила вредна милион евра еден ден пред да стапи на функција
Jumbo Banner

Новиот премиер на Србија Џуро Мацут купил, еден ден пред да биде избран на таа функција, вила вредна повеќе од еден милион евра во белградската населба Звездара од некогашниот директор на јавното претпријатие Београд пут Томислав Богетиќ, објави порталот КРИК.

Мацут, професор на Медицинскиот факултет и доктор по ендокринологија, склучил на 14 април договор со кој ја купил вилата од 193 квадратни метри, покажуваат катастарските податоци.

Иако не е познато колку ја платил Мацут, агенцијата за проценка на вредности на недвижности која ја ангажирале КРИК пресметала дека пазарната вредност на вилата е поголема од милион евра.

Како што објави истражувачкиот портал, договорот бил потпишан еден ден пред Мацут во собранието на Србија да биде изгласан за премиер.

Мацут од претходно има четири стана во Белград.

Новинарите на Крик пред објавувањето на текстот неуспешно се обиделе да стапат во контакт со премиерот преку неговиот кабинет.

Богетиќ одговорил на телефонскиот повик, но кажал дека не може да го коментира случајот бидејќи е во странство.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран